Нашиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов вечерва на гостувањето во Киев против екипата на Шахтјор успеа да запише гол-првенец во Лигата на шампионите. Нашиот играч за врска влезе во игра на стартот на второто полувреме, а во судиското надополнување ги спаси Молдавците од пораз и донесе уште еден бод за Шериф во групната фаза од ЛШ.