Кошаркарките со скок од четири места на ФИБА рејтинг листа

120

Женската сениорска репрезентација имаше две добри игри на стартот на квалификациите за Евробаскетот во 2023 година, но не успеа да дојде до победа, ниту против Германија на гости, а потоа Босна и Херцеговина дома.

И покрај ова нашиот најдобар национален тим успеа да напредува на ранг листата на Светската кошаркарска федерација.

Според најновата табела на ФИБА, со вкупно 82,1 поени, Македонија е рангирана на 37 место во европската зона, односно на 75. позиција во светскиот поредок.

Ова значи дека Македонија направи скок од четири места, нешто на што ретко се случува.

Инаку, сосема очекувано, селекцијата на САД е далеку најдобрата во најновото рангирање. Има 829.3 поени, пред Шпанија која е втора со 685.8 и Австралија со 676.8 поени.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за Евробаскетот 2023, високо котира Белгија која е шестопласирана на светската рејтинг листа на ФИБА. Босна и Херцеговина е на 18. место во европскиот, и на 27. место во светскиот поредок, додека Германија е 23. во Европа, односно 38 во светот.

ПретходноВујовиќ: Не чека тежок меч!
СледноВМФЛ – ИСТОК: Слога Виница става “печат“ на есенската круна…