Како и што се очекуваше, голема борба, нервоза, турканици и црвени картони со три гола во домашната мрежа го решија прашањето околу вториот патник во нокаут-фазата од Лигата на шампионите оваа пролет во групата „Б“. Атлетико (М) славеше на гостувањето кај Порто со 3:1 и си го трасираше местото во следната фаза од најквалитетното европско клупско натпреварување.
Милан на домашен терен загуби од Ливерпул со 2:1 и со тоа остана без место во Европа на пролет. Порто како третопласиран ќе оди во Лигата на Европа.
Во групата „Ц“, Ајакс стана првиот тим кој постигна 20 гола во групната фаза од ЛШ оваа сеозна, откако вечерва на домашен терен со 4:2 славеше над Спортинг (Л) и со максимални 18 бода го заврши овој дел од натпреварувањето на првото место. Уште поубедливи беа фудбалерите на Борусија (Д) кои со 5:0 му ја завршија европската одисеја на Бешикташ, но за себе не успеаја да си обезбедат место во европската пролет од Лигата на шампионите, па како третопласирани ќе мора да се задоволат со место во нокаут-фазата од Лигата на Европа.
Во групата „Д“ Реал го потврди првото место со нова победа на домашен терен. Во малото дерби со Интер, „кралевите“ славеа со 2:0 со головите на Крос и Асенсио. Шахтјор имаше водство до 93. минута за победа над Шериф, но нашиот Бобан Николов кој влезе од клупата успеа во судиското продолжение да постигне гол-првенец во Лигата на шампионите и на Молдавците да им донесе реми и потврда на пласманот на 3. место кое ги носи во ЛЕ.
Лига на шампиони – 6 коло
Група А
ПСЖ – Клуб Бриж 4:1
РБ Лајпциг – Манчестер Сити 2:1
Група Б
Милан – Ливерпул 1:2
Порто – Атлетико (М) 1:3
Група Ц
Ајакс – Спортинг (Л) 4:2
Борусија Д. – Бешикташ 5:0
Група Д
Реал (М) – Интер 2:0
Шахтјор – Шериф Тираспол 1:1