Иста мета, исто растојание по првите 45 минути во групата „Б“, каде се уште останува отворено прашањето кој ќе му се придружи на Ливерпул во пролетната офанзива во Лигата на шампионите.
Милан иако поведе со 1:0 против „црвените“ на својот стадион со голот на Томори, сепак на пауза замина со нерешени 1:1, откако Ливерпул успеа брзо да возврати преку Салах за израмнување.
Во Порто, домашните успеаја да ги задржат налетите на Атлетико (М) во првиот дел и на пауза да заминат со 0:0. Кај гостите голем „пех“ е повредата на Луис Суарез, кој по само 12 минути го напушти теренот.
Од останатите две групи, Реал и Шахтјор имаат водство по првиот дел на мечевите од групата „Д“ против Интер, односно Шериф, додека Ајакс и Борусија (Д) водат на средбите со Спортинг и Бешикташ.
Лига на шампиони – 6 коло
Група Б
Милан – Ливерпул (1:1)
Порто – Атлетико (М) (0:0)
Група Ц
Ајакс – Спортинг (Л) (2:1)
Борусија Д. – Бешикташ (2:0)
Група Д
Реал (М) – Интер (1:0)
Шахтјор – Шериф Тираспол (1:0)