Во среда во рамките од групата Е од ЛШ ќе се соочат Баерн и Барселона. Баерн е сигурен патник во осминафиналето, останува дилемата за второто место. Моментално таму е Барселона со 7 бодови, но не е сигурна затоа што ако изгуби или одигра реми, а притоа Бенфика го победи Динамо Киев тогаш каталонците ќе се пакуваат за во Лига Европа.
Можеби олеснителна околност за Барса е тоа што Баерн ќе излезе со шарен состав и без многу напор ќе го одигра овој меч. Тренерот Јулијан Нагелсман потврди дека во составот ќе ги нема Џошуа Кимих, Леон Горецка, Серж Гнабри, Сабицер, Чупо-Мотинг, Лукас Ернандез…
„Горецка не можеше да го заврши последниот тренинг и нема да биде во составот, Гнабри е повреден како и Сабицер и Чупо-Мотинг. Кимих туку што излезе од карантин и не е спремен за волку напор, додека рано е Ернандес да биде стартер“, изјави Нагелсман кој и покрај тоа што нема на располагање неколку играчи најави дека нема да и се тргне на Барса од патот.
„Ќе излеземе со најдобриот можен тим и одиме на победа. Поздрав за сите во Лисабон“, додаде тренерот алудирајќи на мечот Бенфика-Динамо каде на Португалците им треба победа и кикс на Барса.