Во групата Б Ливерпул го обезбеди првото место со максимални пет победи, па за второто место ќе се борат Порто кој моментално има 5 бода, третиот Милан и четвртиот Атлетико кои имаат по четири бода.
Порто игра на својот „Драгао“ против Атлетико Мадрид, а Милан на „Сан Сиро“ ќе се соочи со Ливерпул. Доколку Порто победи тогаш сигурно оди понатаму. Со реми на „Драгао“ тогаш Милан има шанса со победа над Ливерпул да скокне на второто место. Ако победи Атлетико тогаш шпанскиот шампион ќе мора да навива Милан да не го победи англискиот великан.
Затоа оваа група е најинтересна за следење вечерва.
Порто ќе игра без суспендираниот Урибе и повредените Маркано и Пепе, додека Атлетико има повеќе отсутни: Фелипе, Савиќ, Трипие, Шапоњиќ, Хименез.
Кај Милан повредени се Ребиќ, Плицари, Кјер, Калабрија, Жиру, Леао, а од друга страна добро е што противникот како првопласиран може да одигра поопуштено па дури и со „послаб“ состав.
Во другите групи се е решено, па останува уште да се дознае кој ќе оди во ЛЕ, а кој ќе биде елиминиран.
НАТПРЕВАРИ
ПСЖ – БРИЖ 18:45
РБ ЛАЈПЦИГ – МАН.СИТИ 18:45
МИЛАН – ЛИВЕРПУЛ 21:00
ПОРТО – АТЛЕТИКО 21:00
АЈАКС – СПОРТИНГ 21:00
ДОРТМУНД – БЕШИКТАШ 21:00
РЕАЛ М. – ИНТЕР 21:00
ШАХТЈОР – ШЕРИФ 21:00