Африканскиот куп на нациите ќе се одржи од 9 јануари до 6 февруари 2022 година во Камерун, а Ливерпул ќе остане без Мохамед Салах, Џоел Матип и Садио Мане кои ќе играа за Египет, Камерун и Сенегал.
Неодамна Клоп кажа дека Африканскиот куп е мал турнир на кој не би требало да играат најдобрите африкански фудбалери, а селекторот на Камерун Алиу Сисе му возврати.
„Што си замислува тој? Јас го тренирам Сенегал и моите играчи играат и за Клоп. Го почитувам Ливерпул но не и него кој ги потценува африканските турнири. Тој денеска е таму каде што е благодарение на африканските фудбалери. Имаше храброст да каже дека Африканскиот куп на нациите е „мало натпреварување“. Тоа натпреварување има ист број на учесници како и Европското првенство. Освен тоа е исто по квалитет. Губеше финалиња додека не му дојдоа Матип, Салах и Мане. Тие му донесоа титули“, изјави Сисе кој е селектор на Сенегал од 2015 година.