Слога киксираше, Победа искористи

948

 

Тимот на Слога Виница на домашен терен не успеа да оствари уште една победа сезонава, и одигра само 1:1 против Денит Јуниор во рамките од 15. коло од овогодинешниот второлигашки шампионат Исток.

Иако домашните се надеваа на уште еден полн плен сепак не успеаа истиот да го остварат. Христијан Крклински погоди за Слога уште во 6. минута но гостите успеаа да израмнат преку Левов во 58. Потоа домаќинот јалово напаѓаше и не успеа да дојде до уште едно водство и автомаска победа.

Победа успеа со нов тренер

Откако Димитар Капинковски беше назначен за нов шеф на стручен штаб, тимот на Победа денеска успеа да слави кај Осогово со 1:3. Творци на победата за Прилепчани беа Јошески, Стомнароски и Спиркоски и со тоа да му се доближат на лидерот Слога на само два бода.

Резултати:

Братство – Локомотива 4:1

Осогово – Победа 1:3

Слога – Детонит 1:1

Каменица Саса – Беласица 0:0

Кожуф Гевгелија – Кит Го 2:1

Табела:

Слога 32

Победа 29

Саса К. 28

Беласица 25

Кожуф 19

Кит Го 19

Осогово 18

Детонит 15

Братство 10

Локомотива 6

 

ПретходноВардар не признава Беса, Силекс сигурен за домашен терен, Воска со гостински бодови кај Велешта (ВИДЕО)
СледноЕ. Пелистер вечерва пред полна сала