СП: Русија ја „збриша“ Србија, Холандија и Шведска завршија без победник

195

Ракометарките на Русија ја прегазија Србија во еден од поинтересните вечерни дуели од 3. коло на СП во Шпанија. Русинките славеа со 32:22 (15:9) и во втората фаза пренесоа максимален број бодови. Србија е втора во групата и пренесува два бода во втората фаза, откако ја победи Полска, која без бодови оди во втората рунда.

Франција вечерва се намачи со Црна Гора, откако Црногорките одиграа егал во првиот дел (12:12), но не можеа да го издржат ритамот и на второто полувреме, кога Франција успеа да го скрши отпорот и да дојде до конечни 24:19. Холандија и Шведска во една атомска пресметка на крајот одиграа нерешено 31:31, додека Норвешна без поголеми проблеми славеше против Романија со 33:22.

Од претходно денеска одиграните мечеви вреди да се издвои „киксот“ на Словенија која одигра нерешено со Ангола.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Милан и Ливерпул поделија по еден гол, мрежите мируваат во Порто (ВИДЕО)
СледноЕ.Пелистер – фантастичен, Спортинг се изгуби во Битола (ФОТО+ВИДЕО)