Томас Тухел им се извини на навивачите за Лукаку

735

Челзи беше поразен од Вест Хем со 3-2 во рамките на 15. коло во Премиер-лигата. Киксот на „сините“ го искористија Ливерпул и Сити, ги прескокнаа на табелата и ги симнаа од лидеркската позиција.

Фудбалерите на Челзи поведоа со 2-0, по што Томас Тухел во игра го внесе Ромелу Лукаку на местото на повредниот Каи Хаверц. Оваа одлука на стратегот на „сините“ не донесе резултат, противникот по пресврт дојде до бодовите.

Тухел им се извини на навивачите што го уфрли Лукаку, иако не бил, како што вели, физички подготвен во 45 минути.

„Тоа е моја вина. Мислам дека не е физички подготвен за 45 минути, но сепак решив да го ставам во игра бидејќи го загубивме Хаверц. Детали решија да не направиме добри резултати против Манчестер Јунајтед и Вест Хем. Можеме да го поправиме тоа веднаш. Никој не сака да погреши”, истакна тренерот на Челзи.

Лондонскиот тим го чекаат обврски во Лигата на шампиони, во шестото коло му гостува на Зенит. Со победа на оваа средба ќе го осигурат првото место на табелата во групата „Х“.

ПретходноТото: Против Загреб да бидеме силни како против Кил
СледноМилевски со порака во кампањата на УЕФА: Да избереме активности кои ја стимулираат нашата физичка и ментална сила