Неколку играчи на тимот на Тотенхем како и членови на струшниот штаб односно клубот, се позитивни на тест за Ковид-19. Ова го објавија утрово неколку Англиските медиуми потенцирајќи дека во моментов ситуацијата во клубот е алармантна. Тестовите се направени во вчера, но се очекува до утре да бидат потврдени по ПЦР тестовите. Ова е исклучително лоша вест за менаџерот на тимот Антонио Конте, бидејќи „Мамузите“, како и останатите тимови на Островот, ќе имаат многу напорен распоред во текот на месец декември.