Тото: Против Загреб да бидеме силни како против Кил

138

Жереми Тото, како и сите останати соиграчи во поразот од Кил ја гледаат светлата точка. Против бундес-лигашот, актуелниот македонски првак покажа едно поинакво лице, кое со право им дава надеж на „црвено-црните“ за добра игра против ППД Загреб и освојување на целиот плен на утрешното гостување (20:45 часот).

„Нашите очекувања за овој натпревар е да бидеме силни исто како што бевме во Кил. Мислам дека покажавме добро лице иако загубивме. Сега се фокусираме на овој натпревар со Загреб. Правиме видео-анализа на противникот и верувам дека целиот тим е фокусиран за овој натпревар. За нас е многу важно да победиме“, изјави Тото.

Победата за двата тима е важна, ќе одлучи кој на паузата ќе замине како шестопласиран тим, позиција која води во следната рунда.

ПретходноДимитар Капинковски и официјално нов тренер на Победа
СледноТомас Тухел им се извини на навивачите за Лукаку