Откако Удинезе освои само 16 бода на 16 натпревари, и само два на последните четири средби, управата на клубот од „Фриули“ е размислува за тренерска промена.
Иднината на сегашниот предводник на тимот Лука Готи е на „стаклени нозе“ и доколку нешто не се промени, тој може да биде сменет веќе по следниот меч на домашен терен. Во италијанскиот медиумски простор веќе се зборува дека
Марко Џампаоло, Роберто Донадони и Роландо Маран, се главни кандидати за нов тренер на Удинезе, тимот на нашиот Илија Несторовски.