Јокиќ го „скокна“ Брд на вечната листа, Денвер е во длабока криза (ВИДЕО)

347

Чикаго е еден од најдобрите тимови во досегашниот дел од сезоната, ова на своја кожа можеше да го почувствува Денвер. Нагетси беа поразени против Булси со 10-97 и покрај фантастичната партија на Никола Јокиќ.

Српскиот репрезентативец запиша трипл-дабл, но Денвер кој мака мачи со повреди, во последните десет меча запиша осум порази.

Јокиќ средбата ја заврши со 17 поени, 12 скока и 15 асистенции, на вечната листа го „скокна“ легендарниот Лери Брд, сега е на осмата позиција со 60 трипл-дабли. Пред него е Џејмс Харден, кој има два повеќе.

Чикаго пружи далеку покомплетна партија, во која беше предводен од тројца играчи, особено во последните 15 минути од играта. Зек Лавин постигна 32 поени во победничкиот тим, а Лонзо Бол и Никола Вучевиќ имаа по 10 скока со 20 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Филаделфија 124: 127

Детроит – Оклахома 103:114

Мајами – Мемфис 90: 105

Чикаго – Денвер 109:97

Милвоки – Кливленд 112:104

Минесота – Атланта 110: 121

Феникс – Сан Антонио 108:104

Голден Стејт – Орландо 126:95

Портланд – ЛА Клиперс 90: 102

ПретходноПад во кариерата на Азар, ќе му биде соиграч на Ердон Даци?
СледноЛева ја отвори душата: Бев тажен, се надевам дека изјавата на Меси да е искрена!