Битолски „пекол“ за Спортинг, нова шанса за Е.Пелистер!

175

Е.Пелистер вечерва (20:45 часот) го пречекува Спортинг Лисабон во рамките на шестото коло во Европската лига. Една недела подоцна по ремито на гостински терен, битолскиот тим има шанса за поправен и тоа пред своите верни фанови.

Салата „Боро Чурлевски“ сигурно ќе го исполни дозволениот капацитет, љубителите на ракометот имаат причина зошто да дојдат, нивните миленици од коло во коло играат се подобро.

Е.Пелистер во серијата од четири меча без пораз, имаат две победи и две ремија во последните четири кола, а вечерва имаат доволно мотиви да дојдат до целиот плен против Спортинг Лисабон. Битолскиот тим го игра последниот меч од оваа календарска година и тоа пред своите навивачи.

„Не чека страшна борба, една ментална борба, мора да бидеме фокусирани, мора подготвени да ја чекаме нашата шанса, да поентираме, да го искористиме периодот кога ќе направат ротација во тимот и да го завршиме мечот во наша корист“, изјави Бабиќ пред овој дуел.

Пред денешното 6. коло, Пелистер се наоѓа на третото место на табелата со шест бода, еден зад Спортинг Лисабон.

ПретходноТотенхем е „жариште“ на Ковид, мечевите одложени!?
СледноАртета „распука“ по играчите на Арсенал: Бевме „лигави“