Лазаров во “Дрим тимот” на колото во Франција

271

Кирил Лазаров со своето големо искуство е непроценливо богатство за Нант. Најдобриот македонски ракометар во минатото коло во францускиот шампионат со девет гола беше прв стрелец во победата на Нант против Ним од 26-34.

Лазаров сите девет гола ги постигна од седум метри без промашување.

Неговата нова добра партија беше повеќе од добра причина да се најде во идеалниот тим во францускиот шампионат за 12 коло.


Денеска Нант игра против Бенфика во рамките во Европската лига, во минатото коло токму со голот на Кире, Нант дојде до бод против ГОГ.

 

ПретходноНапредуваме на светската ранг кошаркарска листа
СледноВардар не признава Беса, Силекс сигурен за домашен терен, Воска со гостински бодови кај Велешта (ВИДЕО)