Кирил Лазаров и Нант не успеаја да го искористат домашниот терен, во меч од шестото коло во Европската лига одиграа без победник против Бенфика (33-33). Со второто реми, три победи и пораз, францускиот тим на паузата заминува на третата позиција на табелата во групата Б.
Нант добро тргна, поведе со 7-2 и до пред крајот на првото полувреме ја одржуваше позитивата. Гостите на одморот заминаа со предност од 16-17, успеаја да поведат и со плус два. Домаќинот успеа да се врати во мечот, имаше и позитива од плус пет *30-25), но не го задржа ритамот. Во драматична завршница гостите реализираа за 33-33, на другата страна францускиот состав не реализираше за победа.
Лазаров запиша еден гол од три обиди.