Прекрасен амбиент, околу 6.000 гледачи, можеби нешто и повеќе на Чаир. Нервоза како и на секое дерби. Неколку прекини, меч кој траеше и повеќе од 100 минути, На крај радост и ефорија кај домашните, иако натпреварот заврши со резултат 1:1. Ќе се паметат супер одбраните на Захов, голот за водство на Шкендија на Гури, и секако на крајот, магијата на Алварез во 89. минута за спас на Шкупи од пораз. Шампионот е првиот кој останал непоразен на Чаир, но разликата и натаму е 8 бодови.
Токму затоа радоста на чаирчани по израмнувачкиот гол на Алварез беше како да е совладана Шкендија. Гол со кој Шкупи не победи, но доби многу, и гол со кој Шкендија загуби премногу.
ТАБЕЛА
Шкупи 39, А. Пандев 32, Шкендија 31, Ренова 27, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Струга ТЛ 23, Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5 бодови.