ПСЖ во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони го совлада Клуб Бриж со убедливи 4-1. Во центарот на вниманието беа Килијан Мбапе, кој ги постигна првите два гола, како и Лионел Меси кој беше стрелец на последни два гола.
Мбапе стигна до 30. погодок во Лигата на шампиони и постана најмладиот фудбалер кој на 22 години и 352 дена дошол до оваа бројка на погодоци. Интересно е што тој го урна рекордот на Меси.
Аргентинецот пак со двата погодоци го мина Пеле по бројот на постигнати голови. Меси има 758 гола, додека Пеле 757. Најдобар на сите времиња е Кристијано Роналдо со 801 погодок.