Аспиликуета на мета на Барса и Атлетико

142

Шпанскиот интернационалец во редовите на Челзи, Аспиликуета има договор со тимот од Лондон до лето. Тоа значи дека уште зимава може да се договори за нова соработка или пак да склопи дил со некој друг клуб. Рис Џејмс веќе одамна е прва опција на неговата позиција, па така, што Аспиликуета е се поблиску до излезната врата.

Денешен „АС“ вели дека тој е на мета на екипите на Барселона односно Атлетико Мадрид. Барса нема да може да ги исполни неговите финансиски апетити, додека пак во Мадрид тоа не би требало да биде проблем.

 

ПретходноНов пораз за Академија ФМП во БИБЛ
СледноМирсад Јонуз – стручен коментар: Прекрасен амбиент, Шкупи и Шкендија заслужија по бод!