Двојна струмичка радост во 12. коло кај одбојкарките

132

Фаворитките од Наковски Волеј и Струмица стигнаа до нови победи во домашниот одбојкарски шампионат кај дамите. Наковски Волеј загуби само еден сет на дуелот со младиот амбициозен состав на Пелистер, но на крајот славеше со 3:1 и дојде до 11-тата победа сезонава, која ги искачи на челното место на табелата, барем до утрешниот настап на досегашниот лидер Работнички, кој го дочекува „фенерџијата“ Вардар.

Струмица беше далеку поуспешна на дуелот со Фит Фан Волеј и на гостинските од Скопје не им дозволи да се понадеваат ниту на сет. Конечно проработе и шампионот Јанта Волеј КБ кој се врати со победа од гостувањето кај Универзитет во Тетово со 3:1.

Прва лига (жени), 12.коло

Наковски волеј – Пелистер волеј              3:1 (25:13, 20:25, 25:21, 25:18)

Струмица жени – Фит фан волеј                3:0 (25:15, 25:19, 25:19)

Универзитет во Тетово – Јанта волеј КВ   1:3 (25:21, 16:25, 12:25, 20:25)

Работнички Скопје  – Вардар жени             (четврток, 17.00)  

ТАБЕЛА:  1. Наковски В. 33, 2. Работнички 32, 3. Струмица 26, 4. Јанта Волеј КВ 23, 5. Пелистер В. 10, 6. Фит Фан В. 9, 7. Универзитет во Тетово 8, 8. Вардар 0

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Вардар 1961 има негатива од два гола во Загреб
СледноБарса пред елиминација, на пролет ќе игра во ЛЕ (ВИДЕО)