Некогашниот играч на тимот на Карпош Соколи, Драган Лабовиќ е уапсен откако направил сериозен инцидент во кој се вклучени неколкумина, меѓу кои и неговата сестра.
Од сега непознати причини на јавноста Лабовиќ најпрво нападнал таксиста, му го одзел возилото, па потоа заминал во локална градинка и направил хаос. Лабовиќ не застанал тука, туку заминал во домот на неговата сестра, ја нападнал и нејзе, го демолирал објектот и повторно заминал во непознат правец.
Лабовиќ не се знае колку ќе остане зад решетки, пред се поради неговата ментална состојба.