ЛШ: Зенит извади реми со Челзи, Ракип се повреди во поразот на Малме во Торино (ВИДЕО)

111

Фудбалерите на Јувенус ја оправдаа фаворитската улога во групата „Х“ и со победа ја завршија групната фаза од најсилното европско клупско натпреварување на првото место. Во меч со шестпостигнати гола, Челзи на гостувањето кај Зенит одигра со 3:3, додека Јувентус пред своите гледачи минимално со 1:0 го порази Малме.

На дуелот во Русија имаше два пресврти. Најпрво Челзи поведе со голот на Вернер во 2. минута, а за само три минути во 38. и 41.минута Клаудињо и Азмун им донесоа предност на домашните од 2:1.

Во продолжението Лукаку (62’) и Вернер (85’) успеаја да направат нов пресврт, со што Челзи успеа да се врати во финална предност за победа. Сепак, во петтата минута од продолжението со една вистинска „бомба“ на Оздоев, Русите се изборија за 3:3.

Јуве ја обезбеди петтата победа во групата со голот на Мојс Кин во 18. минута. На мечот во Торино, нашиот репрезентативец Ердал Ракип се повреди уште во првото полувреме и мораше да го напушти теренот пос амо 30. минути игра.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБаделки не ја искористија првата меч-топка за историја
СледноШкендија со шеста победа се проби во ТОП 4