Мбапе го урна рекордот на Меси, Аргентинецот го „скокна“ Пеле

446

ПСЖ во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони го совлада Клуб Бриж со убедливи 4-1. Во центарот на вниманието беа Килијан Мбапе, кој ги постигна првите два гола, како и Лионел Меси кој беше стрелец на последни два гола.

Мбапе стигна до 30. погодок во Лигата на шампиони и постана најмладиот фудбалер кој на 22 години и 352 дена дошол до оваа бројка на погодоци. Интересно е што тој го урна рекордот на Меси.

Аргентинецот пак со двата погодоци го мина Пеле по бројот на постигнати голови. Меси има 758 гола, додека Пеле 757. Најдобар на сите времиња е Кристијано Роналдо со 801 погодок.

ПретходноЕкс-тренерот на Лајпциг ќе стане помошник на Рангник во Манчестер Ј.
СледноДалас промаши 37 тројки и „прокоцка“ плус 17, НБА-класикот за Лејкерси (ВИДЕО)