Нема емоции, Чупиќ сигурен: Може да го победиме Вардар со гол-два разлика!

336

Иван Чупиќ еден од ракометарите кои се запиша во златната историја на Вардар 1961, ќе биде на другата страна на теренот во Загреб. Хрватскиот репрезентативец кој стана легенда на македонскиот првак, од оваа сезона е член на „плинарите“.

Иако со „црвено-црните“ го врзуваат убави спомени, а Скопје стана негов втор дом, сепак тој е голем професионалец. Емоциите и другарството го остави на страна, најави победа на ППД Загреб против Вардар 1961, дуел кој е важен за шетото место на табелата во групата А.

„Ќе биде тежок натпревар за играње, свесни сме дека овие два бода да значат многу пред она што не очекува. Целта ни е да ја поминеме групата, како стојат работите, еден од нас нема да ја помине. Мандалиниќ ни се враќа, ќе бидеме поквалитетни и мислам дека тој е многу важен играч за нас. Тие се добар тим, играат добро, иако можеби табелата не го покажува тоа.

Верувам дека ќе бидеме подобри за гол-два и дека ќе ги освоиме тие два бода и ќе се искачиме за едно место погоре на табелата“, порача Чупиќ.

ПретходноРаботнички ја “расплака“ Брегалница среде Штип!
СледноГури, Захов… и на крај Алварез: Мега – дерби за паметење!