НОВ ОЧАЈ: ППД Загреб го симна Вардар 1961 на седмото место!

317

Вардар 1961 не успеа да дојде до триумф на гостувањето кај ППД Загреб, иако имаше големи шанси и водеше со три гола во 22. минута. Домаќинот направи пресврт, славеше со 23-22, го симна македонскиот првак на седмото место на табелата во групата А. Ова беше седми пораз во низа за „црвено-црните“, кои за време на паузата ќе мора да променат нешто доколку сакаат да се најдат во следната рунда.

Дибиров и Тото имаа по четири гола, три постигна Џукиќ. На другата страна, Чупиќ имаше пет гола сите во првиот дел, Мандиќ четири.

ПАДНИ-СТАНИ ВО ПРВИТЕ 30. МИНУТИ, ПРОПУШТЕНИ ШАНСИ

ППД Загреб го отвори мечот со водство од 5-2 во 10. минута, три гола беа дело на Чупиќ. Хрватскиот тим влезе во серија на грешки, на другата страна македонскиот првак за помалку од седум минути направи серија од 1-6 и поведе со 6-8 во 17. минута. Тото, Моралес, Џукиќ, Дибиров и Моралес, ги дигнаа „црвено-црните“.

Чупиќ со четвртиот погодок го прекина налетот на Вардар, го реализираше вториот седмерец, по изгубената топка. Мандиќ израмни на 8-8 за нови возбудувања.

Дибиров со два гола во низа, одново донесе плус два (8-10). Нешто подоцна, Томовски ја запиша четвртата интервенција, Вардар не искористи шанса да поведе со три гола разлика. Домаќинот со четири гола во низа го врати водството, беше 13-11. Со истата позитива домаќинот замина на одморот (14-12).

ВАРДАР ПРОКОЦКА ПЛУС ТРИ НА ОСУМ МИНУТИ ДО КРАЈОТ

Вујовиќ направи промена на голот го стави Борко Ристовски. Вардар во првите 14. минути од овој дел постигна шест гола, ППД Загреб само два погоди. Со оглед на важноста на мечот за двата тима, пресметката немаше експлозивност, ниту пак некој поголем квалитет.

Ристовски запиша две важни интервенции, фати „пенал“ на Чупиќ. По двете грешки на противникот, Тото со два гола го врати најголемото водство од два гола, во 43. минута беше (16-18). Избраниците на Вујовиќ не искористија две шанси за плус три, ниту одбранетиот седмерец на Борко.

Џукиќ конечно успеа да го донесе Вардар на плус три (18-21) во 22. минута, но остана со играч помалку, па „плинарите“ со серија од  3-0 израмнија на 21-21 за драма во последните пет минути.

Тото доби црвен картон (поради трет жолт картон) во 26. минута. Славиќ одбрани, а ППД Загреб со голот на Срна поведе со 23-22. Талески на минута до крајот направи грешка, на голема среќа домаќинот не искористи напад за сигурна победа. На Вардар му останаа 13 секунди, Оливе Њокас промаши за голема радост во редовите на противникот.

ПретходноУЕФА го одложи мечот Тотенхем – Рен, цел тим на лондончани оди во изолација
СледноПеле повторно примен во болница