Академија ФМП не успеа да дојде до првата победа во БИБЛ лига оваа сезона. Македонскиот тим на гостувањето кај Балкан беше совладан со 80-71 во меч од седмото коло. Домашниот состав одигра добро во првата четвртина која ја доби со 20-16, и во третиот период кој беше клучен.
Избраниците на Александар Петровиќ на полувремето имаа негатива од три поени (42-39), но по одморот одново паднаа. Противникот влезе во ритам, поведе со двоцифрени 64-50 и до крај не дозволи пресврт. Ајви со 21 поен и пет асистенции беше најдобар кај македонскиот тим.
Академија ФМП остана на четвртото место во групата А со четири порази во исто толку одиграни натпревари.