Целиот фудбалски свет ја виде бруката која пристигна од Колумбиската втора лига пред неколку дена. Унион Магдалена е нов прволигаш откако со 1:2 победи на гостувањето кај Љанерос но истите се срамни. „Местењето“ се гледа од авион, головите се постигнати во судиското продолжение, и домаќинот ама во буквална смисла стоеше на теренот.
Откако изби скандалот, и видеото стана вирално низ целиот свет, актерите на овој меч сфатија дека се во голема неволја. Добиваат закани од сите страни, се плашат да излезат од своите домови и бараат заштита.
„Заканите пристигнуваат од секаде, и тоа за смрт. Се плашиме за сопствените животи, за семејствата, не сакаме да излеземе од дома. Повикуваме на разум, на свест во моментов“ – изјави Хорхе Дуван Москера, членот на домашната, во случајов „поразена“ екипа.
На неговата изјава со контра изјава излезе ни помалку ни повеќе претседателот на Колумбија, Иван Дуке Маркез.
„Ова е само национален срам, ова е меѓународен срам. Како не им е срам ова да го прават? Итно ќе поведеме истрага, и сите виновни ќе бидат санксионирани. Некој ќе одговара за овој срам“ – изјави првиот човек на Колумбија.