Шкупи – Шкендија 1:1. Тоа е епилогот на мега – дербито на 17.коло на Чаир. Прекини два, нервоза, супер одбрани на голманите, посебно на Захов, од се по малку, но на крајот по бод за двете екипи.
Гури во 71. минута по киксот на Чешмециев носи водство за Шкендија, но во 89.минута Фреди Алварез, со магичен шут од слободен удар успеа да израмни на 1:1, на радост на околу 6.000 гледачи на Чаир.
Па така и натаму остана разликата од 8 бодови меѓу Шкупи и Шкендија. И натаму Акраповиќ не знае за победа над Гоце Седлоски.
Работнички конечно по 433 минути постигна гол, и тоа два во Штип, успеа да слави над Брегалница. Златни бодови и деби – победа за стратегот Борче Христов.
Ренова и Тиквеш одиграа 1:1, по бод за двете страни. Македонија ЃП ја „наполни“ А. Пандев дури до 4:1. Додека Борец во Битола иако имаше минус сепак на крајот го победи Пелистер со 1:3. Да кажеме дека Маневски не реализира пенал.
Скопје со голот на Кировски славеше против Струга ТЛ со 1:0.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 17.КОЛО
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1:1
(Алварез 89./Гури 71.)
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1:2
(М. Стојанов 65./М. Ристовски 56., Тодоровски 60.)
СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ 1:0
(Кировски 77.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ 4:1
(Матеус 19., Воша 42., 49., Попзлатанов 71., Хаџановиќ 89.)
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 1:3
(Размоски 25./Ѓорѓиев 24., 73., Ѓорѓевиќ 59.)
РЕНОВА – ТИКВЕШ 1:1
(Мустафов 56./Нгоба 72.)