ПМФЛ: Мега – дерби на Чаир, ќе “гори“ во Штип, Ѓорче, Автокоманда…Влатко кај “својата“ Ренова!

425

Денеска е празник во Р. Македонија, но денеска е и фудбалски празник. Така е кога играат Шкупи и Шкендија, супер – дерби, мега – дерби, дуел меѓу две силни и квалитетни екипи за наши услови. Дуел кој може шампионот и дефинитивно да го откаже од битката за титулата.

Ова ќе биде и нов дуел меѓу тренерите Гоце Седлоски и Бруно Акраповиќ, нивни шести меѓусебен меч. Досега стратегот на Шкупи, а порано и на Вардар, има три победи, два меча завршиле без победник, како оној последниот во Тетово, а Бруно сеуште нема радост. Дали денеска е тој ден Акраповиќ да се израдува на победа.

Традицијата вели дека досега овие две екипи одиграле 24 натпревари. Шкупи има само три победи, додека тетовци триумфирале на 13, осум меча завршиле нерешено. Интересно, последните четири меча меѓу овие две екипи завршиле без победник.

Време е за спектакл на Чаир.

ЌЕ ПОСТИГНЕ ЛИ РАБОТНИЧКИ ГОЛ?

Се разбира дека преостанатите пет меча се во длабока сенка на супер – дербито, но секако дека ќе биде супер интересно, посебно во Ѓорче, Штип и Автокоманда.

Македонија ЃП на свој терен ја дочекува разиграната А. Пандев. Тука сите три знака се во игра, ништо нема да биде изненадување, без разлика на исходот.

Ќе даде ли Работнички конечно гол? И тоа во Штип, и тоа против Брегалница, нешто што не го направил на последните четири меча. Ако сака победа, ако сака бодови од Штип, составот на Борче Христов мора да ја тресе домашната мрежа.

Струга ТЛ гостува на Автокоманда. Подготвени се момците на Срѓан Захариевски да го дадат својот максимум.

Скопје е тим кој треба да се почитува. Се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Има доверба во тимот на Струга ТЛ и верувам дека од ова тешко гстување ќе се вратиме со трите бода. Сметам дека сме поквалитетна екипа од Скопје, тоа е една од предностите кои се на наша страна“ вели Миклован Пере, фудбалер на Струга ТЛ.

Ренова под Шара го дочекува, во последно време, добриот Тиквеш. Тука ќе има голема борба, посебно ако се знае дека тренерот на кавадарчани Влатко Костов ќе и гостува на “својата“ Ренова.

Последниот меч од ова коло се игра во Битола, каде Пелистер го дочекува Борец, ова е дуел меѓу двете најслаби или последнопласирани екипи на табелата.

ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ

РЕНОВА – ТИКВЕШ

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 38

2.А.ПАНДЕВ 32

3.ШКЕНДИЈА 30

4.РЕНОВА 26

5.БРЕГАЛНИЦА 26

6.СТРУГА ТЛ 23

7.МАКЕДОНИЈА ЃП 21

8.РАБОТНИЧКИ 21

9.СКОПЈЕ 27

10.ТИКВЕШ 14

11.БОРЕЦ 9

12.ПЕЛИСТЕР 5

ПретходноРангник носи засилување кое Јунајтед го немал во последните 22 години!
СледноБејтулаи: Можеме до триумф среде Чаир!