Последните бодови Вардар ги освои на 29 септември, Загреб е вистинска шанса!

133

Последен меч од оваа календарска година, последна шанса истата да се заврши победнички. Вардар 1961 носи голема тежина во Лигата на шампионите, го бара патот до враќањето на победничките патеки. Актуелниот македонски првак последен пат во ова натпреварување до целиот плен дојде на 29. септември, против Алборг на домашен терен. Од овој дуел одигра шест, сите ги загуби.

Вечерва (20:45 часот), избраниците на Веселин Вујовиќ имаат вистинска шанса да се дојдат до третата победа во Лигата на шампиони и тоа против ППД Загреб на гостински терен.

„Црвено-црните“ ќе мора добро да го затворат својот некогашен лидер, Иван Чупиќ, кој на македонскиот тим низ годините му ги донесе најубавите моменти. Тој е најискусниот играч во составот на некогашниот македонски селектор, Ивица Обрван.

Мотивите и на двете страни се големи, победникот на паузата ќе замине како шестопласиран тим, место кое води во следната рунда во Лигата на шампиони.

Дека Вардар 1961 има што да понуди покажа на дело во Кил, знаеше да се крене кога ќе „паднеше“, играта потсети на едни други времиња, но награда немаше, бодовите останаа кај бундес-лигашот.

Сега ниту Веселин Вујовиќ, ниту останатите во тимот немаат право на изговори, влегуваат како фаворити против ППД Загреб, имаат ростер и „оружје“ за победа. Одбраната ќе биде клучна, време е овој Вардар да се разбуди.

„Не чека дуел со Загреб последен од оваа година во Лигата на шампиони, се надеваме дека ќе одиграме одличен натпревар и дека во добро расположение ќе се вратиме во Скопје. Загреб ја подигна својата форма, освоија доста бодови во последно време. Мораме да бидеме подготовени и борбени, за нивата добра одбрана. Мора да бидеме максимално сконцентрирани, со нашата добра одбрана да се надеваме на бодови“, изјави Анте Гаџа.

ПретходноПрва меч топка за Бадел 1862 за историја во ВАБА-лига
СледноНа денешен ден: Македонците Дарко и Илија пред 30 години го “покорија“ светот!