Рангник носи засилување кое Јунајтед го немал во последните 22 години!

2485

Манчестер Јунајтед под водство на Ралф Рангник го совлада Кристал Палас во Премиер-лигата. Покрај трите освоени бода, „црвените ѓаволи“ после 15 меча успеаја да ја сочуваат својата мрежа на „Олд Трафорд“.

Рангник фокусот го носочи кон детали кои не функционираа под водство на неговиот претходник Оле Гунар Солскјер. Германецот наскоро во Јунајтед ќе го донесе првиот спортски психолог после 22 години. Станува збор за Саша Ленс, кој со него соработуваше во Лајпциг во периодот од 2015 до 2018 година.

„Не знам каква е ситуацијата тука и во другите клубови. Во Германија, повеќето клубови вработуваат спортски психолози или ментални тренери, како сакате наречете ги. Тоа е апсолутно логично. Дури имав некој ваков во 1998 година. Ако имаш специјални тренери за голмани, за кондиција, па дури и за напаѓачи, треба да имаш и специјалист за тимот. Нема потреба да ги ставате играчите на црвен тросед и да се држите за рака. Се работи за помагање на играчите: нивниот мозок треба да му помогнат на телото, а не да работи против него. Играчите и сите во нашиот клуб треба да размислуваат на вистински начин“, изјави тренерот на Јунајтед. 

ПретходноСенгор: Заедно со „Шверцерите“ ќе ја победиме Шкендија!
СледноПМФЛ: Мега – дерби на Чаир, ќе “гори“ во Штип, Ѓорче, Автокоманда…Влатко кај “својата“ Ренова!