До стартот на Австралија Опен останува уште неколку недели, а главна дилема беше дали Новак Ѓоковиќ ќе има шанса да се бори за 10. титула на традиционалниот прв Гренд Слем во сезоната.
Организаторот го објави списокот на тенисери кои ќе нстапат, а на него се најде и Србинот. Останува уште Ноле да го потврди своето учество. Дилемата која се појави се строгите ковид-протоколи во државата Викторија во која се Мелбурн. Строго е забрането да патуваат странци кои не се вакциниран, а меѓу нив е токму Ноле.
„Сите оние кои ќе дојдат во Австралија ќе мора да ги почитуваат строгите правила, да приложат доказ за вакцина или пак медицинска потврда која ја имаат одобрено медицинските лица во оваа земја. Оние кои ќе дојдат од странство ќе мора да бидат во карантин 14 дена“, се вели во известувањето на организаторот.
#AusOpen entry list pic.twitter.com/C1XisUgRAp
— Marc McGowan 🗣✍️👨🏻💻📰 (@ByMarcMcGowan) December 8, 2021