Седлоски: Резултатот е реален, ќе работиме напорно за да ги оствариме целите

524

Заврши големото дерби од ПМФЛ помеѓу Шкупи и Шкендија. Чаирчани не успеаа да ја остварат посакуваната победа на домашен терен против лутиот ривал, но не ни загубија, што значи дека штетата не е огромна напротив. Остварена е целта да се остане непоразен пред се и да се одржи таа веќе создадена бодовна предност на табелата.
Конечниот резултат 1:1, според неколкуилјадната публика на Чаир, а и оние кои мечот го следеа на телевизија е реален. Во тоа се сложува и тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

Ова беше навистина тежок натпревар за нас. Мораше да ги искористиме шансите во првиот дел за да дојдеме до водство но не го сторивме тоа. Ги имаше и противникот, но благодарение на Наумовски не заминавме во негатива. Примениот гол е по наша грешка, но на маестрален начин, преку Алварез успеавме да израмниме. Сметам дека ова е реален резултат, исход на настаните. Честитки за сите актери, за фудбалерите, за навивачите, прекрасен меч, амбиент. Заедно сме веќе седум месеци и напорно работиме за да ги оствариме нашите зацртани цели на крајот на сезоната“ – изјави тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

 

 

ПретходноМладинските селекции ги добија противниците за следните квалификации
СледноЕкс играчот на Карпош Соколи „дивеел“, уапсен за напад на неколкумина