Тимот на Работночки конечно освои три бода на гостинки терен. И тоа не било каде, туку во Штип, против Брегалница, екипа која не само што не дозволува некој да ја победи во незјзиниот двор, туку со сите сили се бори „Под Исарот“ секој да си замине со наведната глава.
Е, тоа денес не се случи. Напротив, Работнички успеа да победи и да ги однесе трите бода. Димитар Тодоровски, Македонскиот младински репрезентативец, беше стрелец на вториот гол, оној одлучувачкиот, оној по кој домаќинот не се опорави.
„Добро е. Ова е многу важен триумф за нас. Голот? Супер за мене, супер за тимот, супер за целата ситуација во која што се наоѓаме. Му го посветувам на мојот другар Марко Божиновски. Маичката со неговиот лик ќе ја носам уште долго. Блиску до срцето што се вели. Не сакам да мислам на трагедијата која што се случи, туку на убавите спомени на него, на мојот верен другар“ – ни изјави Димитар Тодоровски.