Лоши вести доаѓаат од Островот. Имено клубовите во Премиер – лигата, но и сите останати пониски лиги, стравуваат дека стадионите набргу ќе бидат затворени за гледачите, за нивните фанови. Ова доаѓа поради Ковид-19 и новиот сој Омикрон, кој брзо се распространува во Англија и во В. Британија. Од надлежните има такви најави, дека ако состојбата барем малку не се подобри, тогаш логично ќе биде да се преземат и такви мерки.
Ова ќе биде навистина голем удар, ако се знае дека сега доаѓаат Божиќните празници на кои по традицијата се играат многу мечеви и дека приходот е голем.