Младинските репрезентации на Македонија, оние натпреварувачките до 17 односно 19 години денеска ги дознаа противниците за следните квалификациски предизвици. Истите секако се закажани за следната година, а Европските шампионати се во 2023 година.
Генерацијата до 17. години ќе биде дел од групата 9, против Франција, Исланд и Луксембург. Повозрасната пак, онаа до 19. години е во групата 10 во која уште се наоѓаат Србија, Норвешка и Сан Марино.