Многу врева се дигна по големото дерби меѓу Динамо – Хајдук изминатиот викенд, како во Хрватска така и на Балканот. По мечот беше испомешана и политиката.
Свој коментар за хрватските медиуми за целиот тој настан, свој коментар даде и нашиот репрезентатовец, инаку капитен на Динамо, Аријан Адеми.
“Не стравуваме од Хајдук. Тие се сериозна екипа, тоа го покажаа и на последниот меч кога заслужено го победија Динамо. Сепак, веруваме во себе, веруваме дека Динамо пак ќе биде шампион. За самото скандариње на Ливаја и Шубашиќ, немам коментар“ истакнал „Лавот“ Адеми.