Екипата на Бадел 1862 не успеа да приреди изненадување против фаворитот Пламен, беше поразена со убедливи 94-63.
Кошаркарите на македонскиот вицепрвак својата шанса за пласман во Супер-лигата ќе ја бараат на дуелот со Партизан на домашен терен, ќе мора да дојдат до победа доколку сакаат да испишат нова историја во ВАБА лига.
Домашниот состав дуелот го реши уште во првата четвртина која ја доби со 27-10. “Баделки” не успеаја да најдат начин да се вратат.
Кметовска и Стојановска беа најефикасни, заедно постигнаа 35 поени, половина од вкупните поени на својот тим.
Бадел 1862 има скор од три победи и 6 порази, се наоѓа на четвртото место со 12 бода, два повеќе од Партизан, кој има два меча до крајот на групната фаза.
Баскет Кам исто беше поразен, на домашен терен од Будуќност со 61-87.