Велковски и Ријека со „нула“ во дербито против Осијек

128

Заостанатото дерби од 14. коло од овогодинешниот фудбалски шампионат на Хрватска помеѓу екипите на Ријека и Осијек заврши без голови предмалку со резултат 0:0.

Лидерот на табелата во шампионатот, тимот на Ријека, на чело со нашиот интернационалец Дарко Велковски во стартниот тим не успеа да забележи уште еден триумф на домашен терен но од друга страна не ни загуби па на тој начин ја одржа предноста од само еден бод на табелата токму од тимот на Осијек.

Ријека сега има 37 бодови пред Осијек кој има бод помалку, додека пак Хајдук на Јани Атанасов е трет со 33. Динамо на Аријан Адеми и Стефан Ристовски е четврти со 31 бод.

 

 

14 коло одложен меч

 

 

ПретходноЧкембари со соопштение: Апел за спас на клубот додека не е предоцна
СледноНов пораз за Академија ФМП во БИБЛ