Мирсад Јонуз – стручен коментар: Прекрасен амбиент, Шкупи и Шкендија заслужија по бод!

1025

 

Денеска на Чаир се одигра големото дерби од 17.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Шкупи и Шкендија одиграа 1:1, во еден прекрасен амбиен, полни трибини, речиси 7.000 гледачи. Возбудлив, интересн дуел на кој присуствуваше и еден од нашите најдобри тренери и екс – селектор Мирсад Јонуз, кој за читателите на „Спортмедиа“ даде свој стручен коментар.

Одамна во Македонија сме немале ваков прекрасен амбиент со полни трибини,толку гледачи на еден фудбалски натпревар. За тоа секоја чест.Но критика за навивањето и скандирањето на фановите.Нема потреба од тоа, треба спортски сите да се однесуваме вели Јонуз.

Шкендија беше во водство до 89.минута, кога Алварез со фантастичен шут од слободен удар израмни на 1:1 и ја задржа таа разлика од 8 бодови во однос на тетовци.

“Според мене квалитетот кој што беше прикажан од двете екипи и не беше на којзнае колку високо ниво. И двете екипи можат подобро. Но ова беше психолошки тежок меч за играње, важноста на бодовите си го стори своето. Најреално е ремито, никој не заслужи да загуби. Грешката на Шкендија е во тоа што не знаеше како да го „затвори“ мечот. Не смееше да дозволи во 89.минута да прими гол. Јас не мислам дека тетовци немаат шанси за титулата, тие 8 бодови се голем предност, но Шкупи не смее да помисли дека се е готово“.

Алварез (Шкупи) и Гури (Шкендија) се едни од најдобрите странци кои играле во нашата ПМФЛ во последно време.

“Синдрит Гури го знаме уште од мал, тој потекнува од Скадар. Одличен играч, се гледа тоа оваа есен. Речиси нема меч а да не даде гол за Шкендија. Сепак има уште простор да напредува. Алварез е „моториот“ на Шкупи, и не само поради денешниот гол, тој е клучниот играч на лидерот“.

Јонуз сака да го пофали и судењето на Дејан Јакимовски.

“Маестрално судење. Да им судиш на Шкупи и Шкендија пред преполн Чаир, во меч кој е премногу важен, со многу инциденти, прекини, и тоа да отсудиш без грешка, е тоа го може само голем судија. Затоа браво за Јакимовски“ заклучи Јонуз.

Денеска на дербито на Чаир имаше многу познати фудбалски имиња. Беше вистинско уживање да си на вака голем меч во прекрасен амбиент. Инаку по натпреварот, Јонуз го „уловивме“ во разговор со Масар Омерагиќ, некогашен фудбалер на Слога Ј, Вардар и поранешен член на УО на Фудбалската федерација на Македонија.

ПретходноАспиликуета на мета на Барса и Атлетико
СледноБаделки не ја искористија првата меч-топка за историја