Нов пораз за Академија ФМП во БИБЛ

125

Академија ФМП не успеа да дојде до првата победа во БИБЛ лига оваа сезона. Македонскиот тим на гостувањето кај Балкан беше совладан со 80-71 во меч од седмото коло. Домашниот состав одигра добро во првата четвртина која ја доби со 20-16, и во третиот период кој беше клучен.

Избраниците на Александар Петровиќ на полувремето имаа негатива од три поени (42-39), но по одморот одново паднаа. Противникот влезе во ритам, поведе со двоцифрени 64-50 и до крај не дозволи пресврт. Ајви со 21 поен и пет асистенции беше најдобар кај македонскиот тим.

Академија ФМП остана на четвртото место во групата А со четири порази во исто толку одиграни натпревари.

ПретходноВелковски и Ријека со „нула“ во дербито против Осијек
СледноАспиликуета на мета на Барса и Атлетико