Одамна, поточно не паметиме кога еден наш стадион бил исполнет до последното место, како што беше попладнево на Чаир. Двете трибини беа полни, посебно новата на која игла немаше каде да падне, блиску 7.000 гледачи имаше на Чаир денеска. Едноставно глетка за уживање. А и мечот меѓу Шкупи и Шкендија, меѓу двете наши најдобри екипи, беше сосема на ниво. Шанси, прекрасни паради и одбрани на голманите Захов и Наумовски кои беа фамтастични. Гури најави дека Чаир ќе тагува, но пак тој Алварез за еуфорија на Чаир, за радост на Шкупи.
Седлоски и Акраповиќ покрај аут – линиите командуваа со своите “војски“ во големото дерби на 17.коло. На крајот Седло беше позадоволен, како ли ќе беше ако Алварез не постигнеше гол?
Е, тоа, нема да го дознаеме.