Очекувано. Како што информираа утринава од ХНС, и официјално Златко Далиќ останува селектор на репрезентацијата на Хрватска и после СП во Катар 2022 година. И двете страни се договориле за продолжување на договорот, а во него стои дека Далиќ ќе ја води Хрватска и во квалификациите за ЕП 2024 година.
Велиме очекувано, посебно ако се знае со Далиќ селекцијата на Хрватска имаше големо успеси. Тој ја презема селекторската функција во 2017 година, веќе следната година на СП во Русија со Хрватска беше втор. Успеа да се пласира на ЕП 2020, исто така успеа директно да се пласира и на Мундијалот во Катар.