Полувреме во ПМФЛ: Захов и Наумовски фаќаа зицери, “лавовите“ убедливи против “пандевци“!

269

Завршија првите полувремиња на шесте мечеви од 17.коло во ПМФЛ. Сите погледи се кон Чаир каде во мега – дербито се среќаваат Шкупи – Шкендија. Интересно, по малку нервозно, агресивбно прво полувреме во кое голманите Наумовски и Захов фаќаа зицери, едноставно блескаа. Захов спаси чист гол по шансата на Маркоски, додека Наумовски одлично ги одбрани ударите на Биљали и Тимовски. Резултатот е 0:0.

Во Ѓорче екипата на Македонија ЃП со головите на Матеус и Воша води против А. Пандев со 2:0. Во Битола екипите на Пелистер и Борец играат 1:1, Маневски промаши пенал за Пелистер.

На останатите мечеви нема голови по првите полувремиња.

ПретходноЛига Шампиони: Баерн ја “откажува“ Барса, Ракип на гости кај Јуве!
СледноШок: Стадионите во Англија ќе се затворат за фановите!