Конечно. Конечно добра игра, постигнат гол, поточно два, и победа за Работнички за прекин на црната серија која треше ли траеше. Попладнево во Штип, моцмите на стратегот Борче Христов со головите на Ристовски и Тодоровски славеа со 1:2 под Исарот. Почесниот гол за домашните беше дело на Стојанов.
Секако дека ова е голем удар за Брегалница, по елиминацијата во Купот сега пораз и од Работнички дома. Голем удар за големите амбиции на штипските „сини“.
Од Работнички, кој во Штип одигра навистина добро, се очекуваше кога тогаш да проработи, а проработи токму денеска и тоа на гости кај Брегалница.
ФОТО: FK Bregalnica FB