Шкупи – Шкендија е дербито на 17.коло во ПМФЛ, коло кое се игра денеска од 13 часот. Секако дека сите погледи се свртени кон Чаир, кон мечот меѓу двете наши најквалитетни екипи, се разбира заедно со А.Пандев.
Големо дерби, меч за фудбалско уживање.
За тоа што може лидерот да направи на овој натпревар, свој коментар има Фаустин Сенгор, стоперот на Шкупи кој во цела есен игра во одлична форма.
“Ова е македонско Ел Класико. Ние сме подготвени, како физички така и тактички. Ова еќе биде добар натпревар, сакаме тие три бода да останат дома кај нас, на Чаир. Поддршката на нашите фанови ќе ни ја ослесни задачата, очекувам заедно со „Шверцерите“ да ја победиме Шкендија“ заврши Сенгор.