УЕФА го одложи мечот Тотенхем – Рен, цел тим на лондончани оди во изолација

241

Англиски Тотенхем вечерва испрати официјално соопштение до јавноста во кое потврдуваат дека утрешниот натпревар од групата „Г“ на Конференциската Лига на УЕФА против француски Рен нема да се одигра.

По големиот број позитивни случаи на КОВИД-19 во клубот, УЕФА во консултација со двата клуба го донесла ова решение.

Дополнително, по дискусиите со Агенцијата за здравствена безбедност на Британија, на Тотенхем му било препорачано да го стави во изолација комплетниот прв тим како и Центарот за обука, во интерес на здравјето и безбедноста на играчите и персоналот.

ПретходноБарса пред елиминација, на пролет ќе игра во ЛЕ (ВИДЕО)
СледноНОВ ОЧАЈ: ППД Загреб го симна Вардар 1961 на седмото место!