Џани во јануари се сели во Серија А!?

4731

Како што пишуваат медиумите во Италија, поточно Л`Арена, еден од нашите најдобри фудбалери, Езџјан Алиоски би можел во зимскиот преоден рок да се пресели во Серија А, поточно во Верона.

Се информира дека скаутинг -тимот на Верона има намера да го предложи македонскиот репрезентативец и член на Ал Ахли до раководството на тимот како потенцијално засилување на левата бековска линија. Тие веруваат дека токму Џани би бил адекватно засилување на таа позиција, иако Верона веќе има еден добар фудбалер на таа лева страна.

Се наведува дека Алиоски располага со доволен квалитет, сега на потег биле првите луѓе на Верона.

Се разбира дека за ова се прашува и раководството на клубот од С. Арабија за кого сега настапува нашиот Алиоски.

ПретходноБејтулаи: Можеме до триумф среде Чаир!
СледноПрва меч топка за Бадел 1862 за историја во ВАБА-лига