Доменико Тедеско е нов тренер на Ред Бул Лајпциг

158

Германскиот Бундеслигаш, тимот на Ред Бул Лајпциг има нов тренер во името на Доменико Тедеско. Овој млад, 36. годишен Германски стратег доаѓа на местото на Џеси Марш кој  беше отпуштен поради слабите резултати.

Тедеско досега имаше тренеска улога во екипите на Ауе, Шалке 04 како и Спартак Москва и е означен како еден од најквалитетните млади тренери во Германија.

Ред Бул Лајпциг во моментов е на 11. место по 14 одиграни кола со освоени 18 бода.

 

ПретходноНагелсман: Целосно доминиравме, можевме да постигнеме повеќе од три гола
СледноКимих до јануари надвор од терените